Во Русија создадоа ракети против беспилотни летала и „Раптори“

Најновата ракета за блиска борба е способна да ги уништи и оние цели кои имаат најдобри маневарски способности.

Во Русија се појави ракета со условен назив РВВ-МД, која е способна гарантирано да го порази било кој пилотиран авион, како и американскиот Raptor F-22 и повеќето перспективни беспилотни летала. Како што соопшти добро информиран извор од одбранбено-индустрискиот комплекс, до крајот на декември на еден од авионските полигони ќе се завршат тестовите на новата авијациска ракета за близок бој, која фигурира под името РВВ-МД (ракета „воздух-воздух“ со мал опсег). Веднаш после тоа ракетата ќе се прифати во редовното вооружување.

Новата ракета е предназначена за авионот од петтата генерација Т-50 (ПАК ФА), кој се очекува да стапи во вооружувањето дури во 2015 година. Но не само на Т-50 - ракетата може да биде инсталирана и на постоечките ловци како Су-27, МиГ-31 и др. Се очекува тестовите да завршат набргу, некаде до Нова година.

Повеќето информации за ракетата се тајна. Познато е само дека ракетата ќе тежи околу 100 килограми, ќе има должина од околу 3 метра и ќе тежи 8 килограми. Ракетата ќе може да открива и поразува цели на височини од 20 метри до 20 километри, на растојание од 300 метри до 40 километри.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња