За две години се планира забрана на „Евро-3“ во Русија. Во Москва веќе е прифатено решение за премин во 2013 година на поквалитетни горива.
Вој тој однос не заостанува и фабриката УАЗ. И тие, исто така, ќе преминат на соодветните еколошки стандарди кои се бараат во „Евро-4“. Преминот кон новиот стандард подразбира и опремување со нов каталитички неутрализатор за сите џипови УАЗ, како кај бензинските, така и кај дизелните мотори. Освен еколошките стандарди, кутијата за менување исто така ќе биде променета, и сега сите возила ќе имаат петтостепен менувач.
Усовршувањето на производството неминовно ќе доведе до згоелмување на цените на автомобилите. Моделите Patriot и Pickup од почетокот на 2013 година ќе поскапат за 10.000 рубљи (околу 15.000 денари). Цената на Hunter ќе порасне за 25.000 рубљи (околу 32.000 денари), додека цените на комерцијалните возила ќе пораснат над 25.000 рубљи.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче