Вештачкото оплодување ќе стане бесплатно за жителите на Москва од 2013 година

Властите ќе финансираат вештачко оплодување за 2,500 московски семејства кои ја чекаат процедурата во 2013 година.

Властите ќе финансираат вештачко оплодување за 2,500 московски семејства кои ја чекаат процедурата во 2013 година.

Од 2013 година, програмите за вештачко оплодување ќе бидат финансирани во рамките на основната програма за задолжително медицинско осигурување. На овој начин, московјани ќе можат бесплатно да го решат проблемот со неплодноста. Тоа ќе можат да го направат и во приватните клиники, односно, во оние клиники кои ќе влезат во московскиот систем за задолжително медицинско осигурување.

Според зборовите на Печатников, сега чекаат за оваа процедура околу 2,500 семејства од Москва. Цената за секоја процедура чини 106.000 рубљи (околу 160.000 денари), но, во некои клиники таа може да чини и до 250.000 рубљи (околу 375.000 денари).

Најдоброто во оваа програма ќе биде тоа што секое семејство ќе може да ја избере својата клиника, т.е. да си го избере докторот со кого сакаат да ја поминат процедурата.

Во Москва бесплатно ја спроведуваат оваа процедура само две клиники – Научниот центар за акушерство, гинекологија и пеинатологија „В.И. Кулаков“, а исто така и Центарот за планирање на смеејството и репродукција во Москва. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња