Специјален претставник на ООН ќе ја наговара Москва да го отстрани Асад

Специјалниот претставник на ООН и Лигата на арапски држави, Лахдар Брахими, ќе дојде на 29 декември во Москва.

Специјалниот претставник на ООН и Лигата на арапски држави, Лахдар Брахими, ќе дојде на 29 декември во Москва за да се обиде со помош на Русија да ги активираат последните можности за почеток на дијалог во Сирија. Во почетокот на неделата тој дојде до нов план со Асад во Дамаск за создавање на преодна влада, која треба да стави крај на судирот.

Експертите сметаат дека Брахими оди во Москва за да ја убеди руската страна да го отстрани Асад од власт, но, како што наведуваат, тешко дека ќе успее во тоа. Сергеј Лавров веќе изјави дека „Русија не се занимава со промени на режими“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.