Руски смартфон со Андроид

Yota Devices го создаде првиот руски смартфон.

Yota Devices го создаде првиот руски смартфон. Во февруари 2013 година, во Барселона, на Mobile World ќе се случи официјалната светска презентација на новиот продукт.

Рускиот смартфон се разликува од другите телефони од таа класа со тоа што има втор дисплеј. Тој втор дисплеј е црно-бел, создаден со e-ink технологија - наменет за читање електронски книги. На овој начин батеријата ќе трае далеку повеќе, читањето книги ќе биде задоволство.

Секако, основниот дисплеј на смартфонот е во боја. Телефонот ќе има 12 мегапискелна камера, ќе има поддршка на 3G и GSM стандардите, како и LTE, иако во Русија моментално истиот стандард не се користи.

Кога ќе започне продажбата - не е познато. Сепак, компанијата е уверена дека за овој смартфон ќе се заинтересираат не само граѓаните во Русија, туку и корисниците низ целиот свет.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња