Рускиот одбранбено-индустриски комплекс реши да ги создаде првите прототипови на новиот железнички ракетен комплекс (БЖРК). Работите веќе се во тек, и, според податоците кои се на располагање, првите “ракетни возови“ ќе стапат на вооружување после 2020 година.
За прв пат железничкиот ракетен комплекс стапи на воено дежурство во 1987 година. Во 1993 година меѓу Русија и САД беше потпишан договор за намалување на бројот на стратешки вооружувања, според кој руските ракетни сили требало до 2003 да ги тргнат од употреба сите железнички ракетни комплекси од моделот 15П961 „Молодец“ од своето вооружување. Сепак, во 2002 година Русија официјално се повлече од тој договор, и последниот „Молодец“ беше повлечен од дежурство дури во 2005 година.
Во овој момент меѓу Русија и САД е потпишан и функционира нов договор за скратување на стратешките вооружувања, кој на обете страни не им забранува да создаваат железнички ракетни комплекси.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче