Претседателот Путин го одобри законот кој воведува ограничувања за граѓаните на САД, меѓу кои – ограничување за посвојување на деца од Русија. Исто така, според законот се воведува и забрана за влез во Русија на граѓаните кои ги нарушиле правата на граѓаните на Руската Федерација.
Како што изјави портпаролот на претседателот, списокот на лицата кои ќе влезат во овој закон во противтежа на „законот Магнитски“ е веќе определен, но нема да биде даден во јавноста.
„Законот Дима Јаковлев“ беше прифатен од Думата на 21 декември 2012 година и е одобрен од Советот на Федерацијата на 26 декември 2012 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче