Оваа година на одмор во странство заминаа 25% повеќе граѓани на Русија

Годинава од Русија во странство заминаа некаде околу 11 милиони туристи со организирани тури.

Годинава од Русија во странство заминаа некаде околу 11 милиони туристи со организирани тури (т.е. оние кои купиле пакет-аранжмани), соопшти извршниот директот на Асоцијацијата на туристичките оператори на Русија, Маја Ломидзе. За 9 месеци овој број изнесува 8,4 милиони луѓе. Според податоците на Бирото за статистика, за 9 месеци од Русија заминале на одмор 12 милиони туристи (во истиот период минатата година - 11,3 милиони). „Ние ги земаме предвид само тие кои купуваат аранжмани, додека Бирото за статистика ги пресметува сите, т.е. и оние кои  укажуваат „туризам“ како цел за излез од државата“, ја објаснува разликата Ломидзе.

Самостојно годинава во странство заминаа 3 милиона туристи, смета директорот на компанијата „ВИП-сервис“, Дмитриј Горин. Според неговите податоци, растот во овој сегмент за една година изнесува 15%. Самостојниот туризам оваа година се зголемил за 20%. Засега самостојните патувања не му пречат на организираниот комерцијален туристички сектор. Обично граѓаните се решаваат на самостојни патувања после две искуства со комерцијалните туристички оператори.

Еден од основните мотиви за растот на организираниот туризам - е повторното активирање на побарувачката за тури во Египет. Таму годинава замина 1,2 милиона луѓе, т.е. 40% повеќе, отколку минатата година.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња