Главните случки во 2013 година кои се очекуваат во социјалната сфера

Листа на она што ги очекува граѓаните на Русија во 2013 година од социјалната сфера.

Децата без родители ќе останат во Русија

Од новата година стапува во сила еден од најспорните закони во 2012 година, кој воведува забрана за усвојување на деца без родители од граѓани на САД. Тој закон стана еден од одговорите на Русија за „законот Магнитски“ кој е донесен во САД и забранува влез во таа држава. Иницијативата предизвика бранови протести, како меѓу експертите во сферата на усвојувањето деца, така и меѓу обичните граѓани.

 

Операција „антипушење“

Се очекува донесување на закон за ограничување на пушењето. Документот предвидува целосна забрана за пушење на општествените места во 2015 година, забрана за продажба на цигари во трафиките, воведување на застрашувачки слики на кутиите со цигари од мај 2013. Русија, каде што пушат 40% од населението, ги презема во согласност со ратифицираната на Конвенцијата на Светската здравствена организација за борба со пушењето.

 

Пиво само преку ден

Самото име на овој поднаслов кажува дека ќе се воведат ограничувања во Русија за сите алкохолни пијалаци во трговските центри од 23.00 до 8.00, кога нема да може да се купи алкохол, како и изземање од трафиките на сите пијалаци кои содржат алкохол.

 

Поддршка за наталитетот

Од 2013 година, руските семејства за трето (четврто, петто...) дете ќе добиваат месечни додатоци во големина од 5 до 11 илјади рубљи (7.500 до 16.500 денари). Додатоците ќе бидат исплаќани сѐ до тригодишната возраст на детето.

 

Буџетско усогласување

Од 2013 година, платата на буџетарите треба да достигне 100% од средната плата во економијата на регионот. Ова се однесува најмногу на педагошките работници, докторите, работниците во средното професионално образование, како и работниците во социјалната сфера. Денес во Русија во тие сфери работат 14.4 милиони луѓе, од кои 5.2 милиона во сферата на образованието.

 

Серуски систематски преглед

Праксата да се извршуваат масовни медицински прегледи се враќа за прв пат после распадот на Советскиот Сојуз. Прегледите на возрасните и децата ќе ја чини Русија околу 85 милијарди рубљи. Прегледот на возрасните ќе се извршува еднаш во три години. Првиот преглед се извршува на 21 година, а останатите со тригодишен интервал во текот на целиот живот.

 

Седум години за миграција

Во 2013 година ќе бидат засилени санкциите за организирање на нелегалната миграција. Максималната казна затвор ќе се зголеми од 2 на 5 години. Доколку прекршокот се случи поради групно организирање, тогаш максималната казна ќе изнесува до 7 години. Освен тоа, на 3 години ќе се забрани влезот на странците во Русија кои останале подолго отколку што треба, а воопшто нема да им се дозволи влез на тие кои имаат направено прекршок на територијата на Руската Федерација.

 

Данок за луксуз

Во своето обраќање во парламентот во декември, Владимир Путин изјави дека идејата за данок на луксуз треба да биде реализирана во првата половина на 2013 година.

 

Раст на сметките

Од 1 јули, тарифите за комунални услуги ќе пораснат за околу 10%.

 

Број за итни случаи

Во Москва и Подмосковје треба да се појави единствен број за итни случаи „112“. Системот „112“ ќе обезбедува континуирана помош на граѓаните, заедно со службата за пожарна заштита, полиција, брза помош итн. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња