Делегација од Сирија, предводена од заменик-министерот за надворешни работи Фајсал Мугдат, пристигна денеска во Русија на преговори во Министерството за надворешни работи на РФ.
Членовите на сириската делегација веќе од рано наутро се во зградата на министерството.
Либанскиот весник „Дејли стар“ уште претходно информираше дека Мугдат заминува за Москва на преговори по повод идејата пласирана во ОН и Арапската лига од страна на специјалниот сириски пратеник, Лакхдар Брахими, за решавање на конфликтот во Сирија.
Пан-арапскиот весник „Азаман“, повикувајќи се на Либански дипломатски извори, вели дека посетата на Москва е со цел да се добијат гаранции во за иницијативата на Брахими.
Високи либански владини претставници блиски до Дамаск, велат дека сириското раководство е задоволно од преговорите во ОН и дека Мугдат е испратен во Москва да добие совети и можен договор со опозициските сили.
Сириската влада сега е видно мотивирана да постигне договор, велат либанските претставници.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче