Со одлука број No1589, филмот од страна на Министерството за правда на РФ е класифициран како екстремистички.
На веб-сајтот на Министерството се вели дека со одлука на Московскиот Тверски Окружен суд од 1 октомври 2012 - филмот е ставен на забранетата листа.
Филмот кој беше пуштен низ Интернет, предизвикувајќи бројни насилни протести во светот, судот го прогласи за екстремистички и анти-исламистички.
Канцеларијата на Јавниот обвинител на Русија побара да се изрече забрана за дистрибуција на филмот во земјата. По барање на Јавниот обвинител била направена психолошка и лингвистичка анализа, која потврдила дека „филмот содржи директно насочена верска омраза и национална и религиозна дискриминација“.
По ова, Јавното обвинителство реагираше до судот укажувајќи дека „филмот содржи видео снимки и приказна која го презентира Исламот и неговите следбеници како лоши“, се вели во извештајот на сајтот на Министерството.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче