Москва се надева дека односите со САД ќе бидат подобрени

После „актот Магнитски“, повторно затоплување на односите Русија-САД.

Заменик министерот за надворешни работи на РФ Сергеј Рјабков, се надева дека штетата во руско-американските односи направена од „списокот Магнитиски“, не е непоправлива.

„Верувам дека ќе свртиме нова страница, дека штетата која е нанесена на нашите односи не е непоправлива и дека сме во можност да направиме понатамошен напредок. Иако, во секој случај тој товар ќе тежи“, рече тој во интервју за „Гласот на Русија“.

„Околностите се тешки. Комбинација од различни фактори создадоа навистина тешка позадина во нашите односи на крајот од оваа година“, рече заменик министерот.

„Актот Магнитски има чисто анти-руска суштина; тој е екстремно опасен и фундаментално погрешен“, рече дипломатот.

„И покрај нашите бројни апели и барања, администрацијата на САД подлегна на оние кои сакаа да го заменат актуелниот анти-советски „Џексон-ваников амандман“, со актуелниот, исто толку анти-руски и екстремно штетен и погрешен, `Магнитски акт`“, рече Рјабков.

Актот Магнитски, претходно ги затегна односите помеѓу Русија и САД, до мера што некои веќе предвидуваа нова Студена војна. Ваквата изјава на Заменик министерот за надворешни работи на РФ, говори дека односите сепак не се нарушени до таа мера.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња