Кога среќата не зависи од парите

Кога растат приходите, само најсиромашните веднаш стануваат посреќни. А кога масата веќе е полна, веднаш се сака и нешто повеќе. На пример, демократија, почитување... Имено ваква е сега ситуацијата во Русија: растот на БДП сам по себе не ги прави граѓаните посреќни.

Доаѓа време кога никаков економски раст во Русија веќе не може да го подигне нивото расположение и среќа кај нејзините граѓани. Статистичката анализа покажува дека БДП по глава на жител силно влијае на среќата на населението само во сиромашните држави. Колку сиромашни, лесно е да се пресмета. Да го земеме како основен познатиот индикатор Happy Planet Index и податоците за БДП по глава на жител – според него, кога богатите држави постигнуваат одреден степен на развиток, нивните жители почнуваат да се сомневаат во материјалните вредности.

Кај групите држави кои имаат БДП по жител од 16.000 до 40.000 долари, нивото на среќата полека опаѓа. Презаситеноста од сѐ што нуди демократијата и капитализмот, е причина две од најбогатите држави во светот (Катар и Луксембург) да имаат ниско ниво на среќа.

Богатството и среќата се во директна врска кај државите кои излегле од сиромаштија, но сѐ уште не достигнале ниво на благосостојба. Овде спаѓаат државите кои имаат БДП по жител од 9.000 до 14.000 долари.

Климатските услови играат сосема мала улога во среќата на луѓето. Жителите на Норвешка, Шведска и Финска се далеку посреќни, на пример, од жителите на Панама, Венецуела итн.

За време на истражувањата се појави уште една хипотеза, и ако се погледне подобро, веднаш ќе се забележи дека во државите во кои има потопла клима од Русија, но кои се понесреќни (Кувајт со БДП по жител од 46.100 долари, Бахреин со 23.000 долари БДП по жител) – ниското ниво на среќа може да се објасни со политичката нестабилност. Купената среќа не вреди, доколку немаш слобода.

Среќата и благосостојбата може да се изрази и преку пирамидата на Маслов: кога основните потреби се задоволени, на луѓето им треба љубов, почит, па се до самореализација. Демократијата во оваа пирамида се наоѓа не многу далеку од основата – во почитта.

Кога човекот е сит, облечен, има покрив над главата, размислува за купување автомобил, тој почнува да бара политички права. Генерализирано, гледајќи ги резултатите од политичките примени и промените на режимите во светот во овие неколку децении, кога БДП по жител надминува 10.000 долари – почнуваат и барањата за демократија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња