Советот на Федерацијата едногласно го одобри „законот Дима Јаковлев“, кој забранува посвојување на руски деца од странци во државите кои го прифатиле „законот Магнитски“.
Овој закон се најде во Думата минатата недела, и веднаш предизвика голема општествена резонанса. Веднаш започнаа протести против и за овој закон. Полицијата задржа неколку десетици протестанти. Само за три дена беа собрани 100.200 потписи против забраната за посвојување. Тие ќе бидат разгледани после Новата година.
Владимир Путин, пак, изјави дека новиот закон е целосно адекватен, а руската општественост, општо земено, има негативно мислење за посвојувањето на деца од странци.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче