Се отвори парк за тигри

Во Приморскиот крај отворен е парк за тигри.

Во Приморскиот крај, за жителите и гостите отворен парк за тигри. Се наоѓа во сафари-паркот на Шкотовската област и таму веќе живеат две млади Амурски тигрици - Тајга и Амурочка, соопшти директорот на паркот Дмитриј Мезенцев.

Амурските тигрици се донесени во сафари-паркот во ноември 2012 година, во рамките на програмата за зачувување на генофондот на овие ретки предатори.

"Паркот за тигри конечно е отворен. Работевме на тоа повеќе од 12 години. Поголем е од фудбалско игралиште во дел од шумата, со димензии 130 метри во должина и 50 метри ширина, а периметарот и е околу 350 метри ", рече Мезенцев.

"Сега Амурочка и Тајга слободно се шетаат на територијата на волиерата (оградената површина), а само пред еден месец, кога беа доведени во паркот, се плашеа да излезат од своите простории. Добро го поднесуваат студот, се хранат со голем апетит", истакна директорот на паркот.

Амурскиот тигар е запишан во светската Црвена книга. Во Русија овие животни се среќаваат во Приморскиот и Хабаровскииот крај. Според последниот попис, популацијата им брои околу 450 примероци. Меѓународните организации вложуваат напори за да се спречи нивното намалување.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња