Руските железници создадоа „ќерка“ за раководење со странските проекти

Руските железници, кои постојано бараат начин за експанзија вон границите на Русија, решија да создадат специјализирана компанија „РЖД Интернешнл“, која ќе ги координира проектите на монополистот вон територијата на Русија.

Руските железници, кои постојано бараат начин за експанзија вон границите на Русија, решија да создадат специјализирана компанија „РЖД Интернешнл“, која ќе ги координира проектите на монополистот вон територијата на Русија. Распоредот на задачи на новата компанија засега е празен, но активни странски проекти веќе се наоѓаат во друга структура на РЖД - „ Зарубежстројтенологија “.

Засега основна работа на новата компанија ќе бидат градежните работи, а исто така и изнајмувањето на градежни машини и опрема, истражување на конјуктурата на пазарот, консултирање по прашањата околу комерцијалната дејност и инженерско-техничкото проектирање. Раководител на новото претпријатие е Сергеј Павлов, за кого не е дадена никаква друга информација.

Се очекува новата компанија во следната година да започне со меѓународни инфраструктурни проекти. Засега, околу реновирањето и изградбата на железничките линии работи „ќерката“ на РЖД - „Зарубежстројтенологија“. Таа раководи со изградбата на железнички пруги во Либија, Иран, Србија, а освен тоа, слични проекти се планираат и во Индонезија и во Обединетите Арапски Емирати.

Во РЖД известија дека задачите на „РЖД Интернешнл“ сѐ уште се уточнуваат, и прашањето за разграничување на функциите со компанијата „Зарубежстројтенологија“, исто така се наоѓа на отворена маса.

Треба да се забележи дека во интересите на РЖД во странство не е само изградбата на инфраструктура. Компанијата се договара за купување и на францускиот логистички оператор Gefco. Притоа, компанијата управува и со железничките пруги во Ерменија и Монголија, а исто така пројави интерес за купување на транспортните железнички оператори во Полска и Словачка.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.