Русија - САД: што готви годината која доаѓа?

Се создава впечаток дека резултатите од надворешната политика на Обама до крајот на неговиот прв мандат не се подобри од оние на неговиот претходник. Пред четири години очекувањата од Обама беа големи, а потоа сѐ си се врати на своите места.

Се создава впечаток дека резултатите од надворешната политика на Обама до крајот на неговиот прв мандат не се подобри од оние на неговиот претходник. Пред четири години очекувањата од Обама беа големи, а потоа сѐ си се врати на своите места.

Ако Џорџ Буш со Кондолиза Рајс беа запаметени со поразот на САД во Ирак и Авганистан, пропаста на крстоносните војни на демократијата и поразот на обоените револуции на постсоветското пространство, тогаш Барак Обама со Хилари Клинтот - се неуправувачки крвопроливачки хаос на Блискиот Исток, враќање на „нула“ на постигнувањата во дипломатските односи со Русија.

Се намалија гордите зборови за победата на демократијата после арапската пролет. Наместо тоа, ние сега во тој регион гледаме постојани судири меѓу етничките, религиозните, племенските и другите групи. Никој не знае дали и кога ќе прекине кланицата во Сирија. Сенатот на САД му забрани на Пентагон да купува руски хеликоптери за мисијата во Авганистан, бидејќи Москва ѝ продава оружје на Сирија. Во меѓувреме американскиот Ирак му дозволува на Иран да пренесува оружје преку својата територија за режимот на Башар Асад. Треба да се спомне, дека додека на власт беше Садам Хусеин, Ирак беше силата која правеше притисок против иранските ајатоли. Сега Ирак сѐ повеќе се приближува до Иран, и сѐ почесто ја одобрува неговата политика.

Не е тајна тоа дека Западот ѝ дава оружје на сириската опозиција преку Саудиска Арабија, Катар, и некои други држави од Заливот.

Во последниве недели од својот мандат, Хилари Клинтон дури најде време да слета во Прага и да ја разубеди Чешка од намерата да склучи договор со Русија за изградба на атомска централа. Притоа, без задршки таа рече дека ќе се обиде на сите начини да го спречи создавањето на економскиот и царинскиот сојуз на Русија со нејзините соседи.

Последен удар во односите на Русија и САД стана „Законот Магнитски“. Според тој закон, граѓаните на Русија кои „се непријатели“ на човековите права, нема да имаат дозвола да патуваат во САД.

Но, доста за неубавото. Има и добри вести. Голема е веројатноста дека Џон Кери ќе дојде на местото на Хилари Клинтон. Тој е далеку попрагматичен, а помалку идеологичен во надворешната политика, што секако, е добро.

Претстојната посета на Обама во Москва е исто така добар знак. Без товар за изборни кампањи, тој треба да мисли, пред сѐ, за своето историско наследство и реалниот прогрес во односите со Русија.

Обама прекрасно разбира, дека ако зборуваме за светската безбедност или за економијата, заемната соработка со Русија игра важна улога во решението на многу глобални проблеми. Земајќи ги предвид проблемите со кои се соочуваат САД внатре и надвор, нова конфронтација со Русија не ѝ е потребна. За жал, за конфронтација се подготвени приврзаниците на Мит Ромни, кои веќе почнаа кампања за откажување на претстојниот самит во Москва.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.