Полицајците секојдневно спасуваат десетици луѓе од измрзнување по улиците на Русија

Суровите студови во Русија траат повеќе од една недела - од минус 18 во Москва, до минус 50 во Сибир.

Суровите студови во Русија траат повеќе од една недела - од минус 18 во Москва, до минус 50 во Сибир. Таквите временски услови станаа причина за смрт на десетици луѓе, затворање на училиштата, сообраќајни незгоди и доцнење на производите и услугите.
Како што соопштуваат извори од медицинските кругови во Москва, само во последното деноноќие, околу 60 луѓе се примени во болница, а двајца починале.
„Полициските служби секојдневно спасуваат десетици луѓе од патиштата во тешка состојба заради студот. Ниските температури во многу руски региони го усложнија сообраќајот. Вработените на сообраќајната полиција помагаат на учесниците во сообраќајот кои се во нашле во тешка ситуација, особено на патиштата надвор од градовите", се вели во соопштението на МВР.

Од МВР се обратија на жителите со молба, во случај да западнат во слична вонредна состојба, веднаш да ја повикаат полицијата, која во овие исклучително студени денови постојано патролира по патиштата.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња