За македонски превод притиснете „CC“.
Видео-материјалот отстапен од порталот на Министерството за култура на РФ, культура.рф.
Мамаев курган – меморијален комплекс импресивен и според изведбата и според значењето. Монументално здание кое со своите пропорции говори за величината на битката на која е посветено.
Дефинитивно, најимпресивниот монумент во светот посветен на Втората светска војна е спомен-комплексот на хероите од Сталинградската битка, битката која го сврте текот на војната, а со тоа ја одлучи и судбината на целиот свет. Централната скулптура - Мајката Татковина – е една од најголемите статуи во светот и една од Седумте чуда на Русија. Како што вели поетот, заради величината на настаните и човечките жртви во Сталинградската битка, Мамаевиот курган е „повисок од сите Еверести“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.