САД ја тргнаа од својот сајт петицијата по повод усвојувањето на „законот на Дима Јаковлев“ во Државната Дума.
Во објаснувањето се наведува дека САД ја делат загриженоста заради усвојувањето на законот во Државната Дума и дека ќе продолжат да го поставуваат тоа прашање пред руската влада.
Во соопштението на Белата куќа се вели дека „САД ќе продолжат да го поддржуваат развојот на граѓанското општество во Русија“.
Пред да биде тргната од сајтот на Белата куќа, петицијата за ставање на пратениците од Државната Дума на листата на „законот Магнитски“, беше потпишана од скоро 55 илјади граѓани. Над 9 илјади луѓе ја потпишаа петицијата за вклучување на рускиот претседател Владимир Путин на таа листа.
Претходно Думата се закани дека ќе ги раскине дипломатските односи со САД, доколку пратениците се најдат на тој список.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче