Во Дагестан пронајдени остатоци од најстарите „Руси“

Остатоците во Дагестан се датираат од пред 2 милиони години.

За време на ископувањата во Кавказ научниците направиле неверојатно археолошкото откритие. Тие наишле на древни населби на човекот Homo erectus, кој живеел во овие краишта пред два милиони години.

Населбите пронајдени на територијата на централен Дагестан се однесуваат првенствено на раната доба од човечката историја. Претходни наоди од оваа ера никогаш не се откриени на територијата на Русија. Значи, тоа се најстарите човечки населби во Русија, вели рускиот археолог Хизри Амирханов.

Засега научниците не можат да кажат кои луѓе живееле во оваа древна населба. Остатоци на самите луѓе кои живееле на таа територија сè уште не се откриени. Сепак, според некои знаци, научниците заклучиле дека можеби тоа бил вид на човек познат како Homo erectus.  

Жителите на овие места живееле во мали групи - се претпоставува од 15 до 20 души. Главно се прехранувале од лов, собирање на корени, растенија и диви овошја.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња