Според Русите, настан на годината се изборите

Сепак, за Русите најважна е политиката.

За Русите, како и за нас, сепак, доминантна е политиката. За настан на годината во земјата тие ги сметаат претседателските избори, а за водечки политичар Владимир Путин. 

Ова го покажа анкетата на ВЦИОМ (Серуски центар за испитување на јавното мислење), чии резултати беа објавени во понеделникот.

На второ место за 2012 година се најде поплавата во Кримск, но со скромни 12% од испитаниците.

За главен, пак, светски настан, според мислењето на руските државјани, е конфликтот на Блискиот Исток (27%), како и победата на Барак Обама на претседателските избори во САД (23%). На трето место е Олимпијадата во Лондон (16%).

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња