Сергеј Иванов: „Сега на големо се зборува за создавање на единствена азиска валута, и ако дојде до тоа, таа валута секако ќе биде јуанот“. Извор: РИА Новости.
Русија од 1 декември претседава со самитот на „дваесетте“. Сергеј Иванов, шеф на кабинетот на претседателот на РФ и шеф на организацискиот одбор за подготовка и реализација на претседавањето на Руската Федерација со самитот на Г-20, во интервју со водителот „Вести во сабота“ Сергеј Бриљов, зборуваше за тоа колку всушност толку широкиот, а сепак толку тесен свет е поврзан со заеднички теми што ќе бидат на дневен ред на самитот.
Вести: Што всушност претставува самитот на Г-20 со кој Русија претседава? Зошто е толку важна улогата на претседавач за Русија?
Сергеј Иванов: Г-20 е неформален форум на водечките економии во светот. Земјите што учествуваат во самитот на Г-20 претставуваат или генерираат 90% од вкупниот светски бруто домашен производ и 80% од вкупната светска трговија. На териториите на овие земји живеат две третини од жителите на нашава планета.
Вести: Дали самитот ќе се одржува во Константиновскиот дворец во Санкт Петербург [каде во 2006 беше одржан самитот на „големата осумка“]?
С.И.: Да.
Вести: Значи ли тоа дека нема да бидат потребни дополнителни финансиски средства?
Американците играат главна улога во ММФ, но дури и на минатиот самит на „дваесетката“ беше усогласен ставот дека е неопходно да се изменат квотите и гласовите во ММФ и тие да се ускладат со растот на економиите во земјите од БРИКС
С.И.: Нема да бидат потребни особени средства. Веднаш сакам да објаснам една работа. Ние зборуваме за „дваесетмина“, но во Петербург на 5 и 6 септември ќе присуствуваат раководители на 33 делегации. Ние го прошируваме форматот на средбата и сакаме да покажеме дека Г-20, и покрај 90% од светскиот бруто домашен производ, не е некој затворен ексклузивен клуб. Внимателно ги следиме настаните и дејствуваме во интерес на глобалната економија, што ќе се одрази на сите земји, независно од степенот на нивниот развој.
Освен тоа, ги повикуваме и раководителите на големите меѓународни организации. Тука товарот е нешто поголем одошто кај „осумката“, но основната инфраструктура, секако, е обезбедена, зашто го имаме Константиновскиот дворец.
Вести: Во Г-20 постојат земји кои не се навикнати да посветуваат внимание на мислењето на другите. Може ли Русија, која според различни оценки го зазема третото или четвртото место во светот според резервите од злато, во разговорот со САД, на пример, да го употреби следниов аргумент: ние ги купуваме вашите американски депозитни потврди и други вредносни хартии, ја финансираме вашата економија, па можеби би било добро сепак вие да не послушате нас и да постапите како што предлагаме ние, а не поинаку?
С.И.: Од една страна морам да се сложам со вас. Секако, Американците не сакаат кога некој отстрана се обидува да им дава совети. Од друга страна, не можам ни да потврдам дека тие го отфрлаат секој совет. Американците играат главна улога во ММФ, но дури и на минатиот самит на „дваесетката“ беше усогласен ставот дека е неопходно да се изменат квотите и гласовите во ММФ и тие да се ускладат со растот на економиите во земјите од БРИКС.
Вести: Дали во новонастанатата панорама на меѓународните односи постои шанса да се постигне договор по прашањата поврзани со енергетиката, со оглед дека таа повторно ќе биде на дневниот ред на „дваесетте“?
С.И.: Ако станува збор за Третиот енергетски пакет, тоа е проблем во односите помеѓу Русија и Европската Унија. Тоа не е глобален проблем и мислам дека на самитот на „дваесетте“ нема да стане збор за тоа.
Земјите што учествуваат во самитот на Г-20 претставуваат или генерираат 90% од вкупниот светски бруто домашен производ и 80% од вкупната светска трговија
А, инаку, тука навистина постојат многу прашања што треба да се решат. Ние никако не се сложуваме со Третиот енергетски пакет и тоа отворено го кажуваме, зашто тој едноставно го отежнува склучувањето долгорочни договори, со што без никаква потреба се предизвикува недостаток на енергенси во Европа. Сè повеќе средства се трошат на истражување наоѓалишта на нафта и гас, и во тие истражувања сè повеќе се оди кон север, што е многу поскапо.
Според логиката на Европската Унија треба да се раздвои транспортот, испораката и распределбата на енергенсите. Во тој случај се поставува прашањето кој ќе инвестира во истражување наоѓалишта и во транспорт, ако тоа ја губи секоја смисла.
Вести: Како, според вас, ќе изгледа списокот на основни резервни валути по дваесет години?
С.И.: Тука мошне лесно може да се згреши во процената. Тоа е исто како, на пример, да прогнозираме резултат од фудбалски натпревар. Очигледно дека тоа ќе биде доларот. Еврото исто така доаѓа предвид. Постојат и неколку други валути кои делумно можат да послужат за таа намена. Тоа е швајцарскиот франк, а мошне доверлива и добра валута е англиската фунта.
Вести: И австралискиот долар, во кој Русија инвестираше.
С.И.: И јапонскиот јен. Сега многу се зборува за создавање единствена азиска валута, и ако дојде до тоа, таа валута ќе биде јуанот. Од друга страна, јуанот сè уште не е конвертибилна валута, така што тој процес ќе потрае уште неколку години.
Се зборува за создавање регионална валута во арапскиот свет. Што се однесува до Русија, рубљата има шанса да стане резервна регионална валута, главно на просторот на Заедницата на Независни Држави. Во секој случај, се работи на тоа. Нашата трговија во Царинската унија делумно се одвива во рубли. Со Кина, исто така, почнавме да тргуваме во рубли, избегнувајќи дополнителен ризик заради волатилноста на основната валути, односно доларот и еврото. Благодарение на тоа нашата економија станува постабилна и подоверлива.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче