Руската амбасада во Сирија негираше дека има доказ кој ги потврдува медиумските шпекулации дека војската на Сирија користи хемиско оружје во борбата против бунтовниците.
„До нашата амбасада до сега, од било која инстанца, нема информација за употреба на хемиско оружје, било од сириската армија, било од опозицијата“, изјави портпаролот на амбасадата Сергеј Марков за агенцијата „Интерфакс“, по повод шпекулациите дека во последните борби во градот Хомс е употребено хемиско оружје.
Информациите за употреба на хемиско оружје беа прв пат пласирани од телевизискиот канал „Ал-Џезира“, која цитирајќи жител на Хомс, припадник на опозицијата, кој тврди дека сириските воздушни сили фрлиле отровен гас на градот, при што убиле седум, а повредиле десетина лица. Каналот го прикажа човекот во болница кој тврди дека е наводна жртва на гасот.
Слични информации пласираше и весникот „Харец“ од Израел, кој тврди дека типот на гасот се уште не е утврден, но според некои доктори во Сирија, се претпоставува дека е „сарин“.
Генералниот Секретар на ОН, Бан Ки-мун, го повика на одговорност Асад, доколку информациите за употреба на хемиско оружје се потврдат.
Во исто време пак, сирискиот амбасадор во ОН, Башар Џафари ја отфрли можноста Сирија да употреби хемиско оружје под било какви околности.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче