Абрамович на Карибите планира новогодишен дочек на векот

Британците откриваат како се подготвува Абрамович за новогодишен дочек на векот.

Бизнисменот и сопственик на фудбалскиот клуб "Челзи", Роман Абрамович, нема намера и оваа Нова година да се откаже од навиката да слави на висока нога.

Милијардерот ќе ја дочека Новата година дури и попомпезно отколку што тоа го направи минатата година, кога на неговиот имот на Карибите беа поканети 300 гости, забавувани од рок бендот Red Hot Chili Peppers, пишува Дејли мејл.

"Дочекот на векот" се подготвува четврти пат по ред на вилата на олигархот на карипскиот остров Сен Бертелеми. Но, ако се суди според фотографиите на папараците, површината од 300 илјади квадратни метри, на која се простираат дворците, нема да биде доволна за да се сместат сите гости. Затоа во неделата што претстои, до 31 декември, работниците веќе почнаа да градат нови простории.

Новите згради ќе го чинат олигархот не помалку од 5 милиони фунти - пресметале од весникот. Домот на Карибите, кој порано бил сопственост на семејството Рокфелер, е купен од рускиот олигарх за 59 милиони фунти во 2009 година. Од тогаш 46 годишниот Абрамович барем еднаш годишно се собира таму со своето семејство (29 годишната Даша Жукова и нивниот 3 годишен син Арон) и нивни пријатели.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.