Кредитот се дава на период од седум години, а со кој Индонезија ќе може да го финансира договорот со „Рособоронекспорт“ за испорака на авионска техника.
За коков договор со „Рособоронекспорт“ станува збор, засега не се појаснува. Во декември 2011 година Индонезија купи од Русија дополнителна партија од шест повеќенаменски ловци Су-30МК2. Сумата на зделката изнесуваше 470 милиони долари. Како што се очекува, првите два авиона индонезиските воени сили ќе ги добијат на крајот од оваа година, а останатите - во првите два месеца од новата 2013 година.
Во април годинава се соопшти дека Воздушно-воените сили на Индонезија сакаат да купат авионски симулатор за ловците „Су“. За таа цел претставниците на Војската на Индонезија планираа да потрошат не помалку од 35 милиони долари. Денес Индонезија има десет авиони-ловци „Су“: два Су-30МК, три Су-30МК2, два Су-27СК и три Су-27СКМ.
Во 2007 година Русија и даде извозен кредит на Индонезија во вредност од милијарда долари. За тие средства Индонезија купи оклопни транспортери БМП-3Ф, транспортни хеликоптери Ми-17 и ударни авиони Ми-35М. Освен тоа, министерството за одбрана на Индонезија планираше да купи подморници од проектот 877 „Палтус“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче