ЕУ-Русија: зближување преку економијата

ЕУ е најголемиот трговски партнер на Русија. Но и за Европа Москва е доста важна - заради обезбедување на енергетска сигурност.

Криза и нови можности - тоа се зборови кои често се поврзуваат еден со друг. Тоа што неколку држави во Еврозоната имаат економски проблеми, - тоа е добра шанса да се подигнат на нов степен на односите со земјите-партнери. Еден од таквите примери е трговско-економската врска меѓу ЕУ и Русија, која сѐ уште не е максимално искористена.

Тезата за значењето на трговско-економските односи меѓу Москва и Брисел за прв пат се појави на хартија уште во 1989 година. Соодветно потпишаниот Договор за трговија и економска соработка, европската заедница во тоа време ги симнала ограничувањата на советскиот извоз за поголем дел производи, а СССР вовел недискриминаторски режим за европските продукти.

Следната етапа дојде со потпишувањето на Договорот за партнерство и соработка (ДПС) во 1994, кој бил далеку пообемен и опфаќал повеќе сфери во трговијата меѓу Русија и ЕУ.

Нов импулс во односите донесоа новите договори меѓу Русија и ЕУ во 2005 година, меѓу кои се најде идејата за создавање заедничко економско пространство, т.е. отворен и интегриран пазар меѓу Русија и ЕУ. Впрочем, во следните неколку години никакви нови проблеми се немаат појавено: и Русија и ЕУ го сметаат зближувањето на економиите за заемно исплатлив процес. На пример, во октомври 2010, на самитот на лидерите на Русија, Германија и Франција кој се одржа во Довил, францускиот претседател Никола Саркози изјавил: Русија и ЕУ треба да направат сѐ што е можно за да создадат за 10 до 15 години единствено економско пространство во кое ќе нема визи и ќе постои заеднички систем за безбедност.

Денес односите меѓу Русија и ЕУ, меѓу нив и економските односи, се регулираат во рамките на програмата „Партнерство за модернизација“. Приоритетните правци на соработката се следниве: зголемување на можностите за инвестирање во главните стопански гранки  кои го стимулираат растот и иновациите, зацврстување и задлабочување на трговијата од двете страни, зголемување на економските односи, а исто - создавање на благопријатни услови за малите и средните претпријатија, развиток на транспортот, екологијата и енергетската ефективност. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња