Руските кина ќе ги обврзат да плаќаат данок за прикажување странски филмови

Предлог-законот, кој предвидува укинување на неоданоченото прикажување на странските филмови во руските кина, влезе и се разгледува во Думата.

Предлог-законот, кој предвидува укинување на неоданоченото прикажување на странските филмови во руските кина, влезе и се разгледува во Думата.

Новиот законски проект ќе внесе измени во член 149 од Даночниот кодекс на Русија. Според измените, услугите на кината во прикажувањето на руски филмови се ослободуваат од данокот на додадена вредност (ДДВ), додека услугите за приказ на странски филмови ќе се оданочуваат.

Според важечкиот закон, во моментот ДДВ не се наплаќа од ниту едно кино, без разлика каков филм се прикажува. Според мислењето на депутатите, делумното укинување на даночното олеснување ќе оди во полза на руската кинематографија.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња