Путин ќе донесе од Индија договори во вредност од 7,5 милијарди долари

Претседателот на Русија, Владимир Путин, за време на својата посета на 24 декември ќе разговара за неколку воени договори во вредност од околу 7,5 милијарди долари, соопштува Aviation Week, со дополнување дека параметрите на можните нарачки не се определени и возможно е да се изменат.

За време на својата посета во Индија, претседателот Владимир Путин ќе разговара за договорот за испорака на дополнителни 42 повеќенаменски авиони ловци Су-30МКИ, а исто така и долгорочен договор, според кој Министерството за одбрана на Индија ќе добие најмалку 970 авионски мотори. За какви имено мотори станува збор, засега е непознато.

Во средината на декември 2011 година, Министерството за одбрана на Индија потпиша второ решение како додаток на договорот меѓу Русија и Индија од 2000 година, во кој се предвидува доставка на резервни делови за дополнителните 42 ловца Су-30МКИ. Претходно Индија купи од Русија 230 такви авиони.

Во моментот Индија е најголемиот увозник на воена техника и вооружување од Русија. Во почетокот на април сумата за нарачки за руско оружје изнесуваше 10,8 милијарди долари, земајќи во предвид дека целосната сума на воени нарачки на Индија изнесува 35 милијарди долари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.