Гергиев и Камерон подготвуваат 3D пренос на „Лебедово езеро“

Уметничкиот раководител на Мариинскиот театар, диригентот Валериј Гергиев, заедно со режисерот на филмот „Аватар“, Џејмс Камерон, работат заедно на 3D пренос на балетот „Лебедово езеро“.

Уметничкиот раководител на Мариинскиот театар, диригентот Валериј Гергиев, заедно со режисерот на филмот „Аватар“, Џејмс Камерон, работат заедно на 3D пренос на балетот „Лебедово езеро“. За тоа диригентот раскажа во интервју со британскиот весник The Independent.

Според неговите зборови, преносот на балетот ќе се изврши од сцената на Мариинскиот театар на 14 февруари низ кино салите во целиот свет.

„Камерон и неговите колеги веќе имаат големо искуство и талент. Ниту една екипа во светот не умее подобро да работи со 3D во опера, каде не можно да се застане дејството кога веќе музиката започнала. Кино салите ќе соберат илјадници луѓе“, изјави Гергиев.

„Лебедово езеро“ во 3D нема да биде прво вакво искуство за Мариинскиот театар. Во 2011 година веќе беше претставен балетот „Жизел“, а во 2012 година театарот го прикажа во ваков формат балетот „Оревокршачка“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.