Без астрономски плати

Владата ги утврди платите за руските космонаути. Во зависност од должноста и „статусот“, тие ќе добиваат од 90.000 до 130.000 денари месечно. Притоа, секако, се предвидуваат и дополнителни премии. Повеќе од руските космонаути заработуваат не само нивните американски колеги, туку и пилотите од руската цивилна авијација.

Владата ја одреди висината на платата за космонаутите, а исто така и додатоците за стаж и квалификација. Според новите поправки во решението за материјалната состојба на космонаутите (од 17 мај 1993 година), платата на кандидатите кои ќе станат космонаути изнесува околу 90.000 денари, платата на космонаутите околу 95.000 денари, а платата на инструкторот-космонаут - околу 130.000 денари. Веднаш после првиот лет на космонаутот, неговата плата е предвидено да се покачи до 105.000 денари.

Освен платата, и космонаутите, и кандидатите за космонаути ќе добиваат бонуси.

Космонаутите кои редовно ги исполнуваат своите обврски можат да сметаат на премија од 25% од својата плата, и годишна премија во вредност од 100% од својата плата. Освен тоа, на космонаутите во Русија ќе им се исплаќа и додаток за стаж до 40% (при стаж од 25 години и повеќе). Соодветно на класата во која припаѓаат, космонаутите ќе добиваат 55% повеќе ако се космонаути од 3-та класа, втора класа - до 75%, а прва класа - од 20 до 120%.

Денес материјалната состојба на руските космонаути е полоша од пилотите на меѓународните комерцијални авиолинии, и уште полоша од нивните колеги во странство.

На пример, американските космонаути добиваат фиксна плата, без разлика дали се на Земјата или во космосот - од 120.000 до 130.000 долари годишно. Официјалната плата на соработниците на НАСА изнесува 10.800 долари.

Руските космонаути добиваат слична сума како и американските колеги само доколку останат половина година на Меѓународната вселенска станица.

За споредба: месечната плата на првиот космонаут, Јуриј Гагарин, во 1962 година изнесуваше 575,1 долари месечно, додека платата на Нил Армстронг во 1969 година изнесувала 1.666 долари месечно. Соодветно, платата на американскиот космонаут тогаш била 2,8 пати поголема од платата на советскиот космонаут, додека денеска таа разлика е речиси 5 пати поголема.

Космонаутите во Европската вселенска агенција во првата година од својата работа добиваат од 4.500 до 5.100 долари месечно, а подоцна од 5.600 до 6.300 евра месечно, додека после првиот лет - од 6.500 до 7.300 евра.

Според зборовите на Јуриј Караш, професијата на космонаутот во Русија денеска е девалвирана до ниво на „пилот на авион“. „Пилотите денеска во Русија заработуваат повеќе отколку космонаутите. Платата на капетанот на А-320 може да дојде и до 600.000 денари месечно, додека платата на космонаутот изнесува, во најдобар случај, само 130.000 денари“, изјавува експертот.

Секако, треба да се земе предвид и фактот дека многуте додатоци суштествено ја зголемуваат платата на космонаутите. Така, на пример, космонаут-инструктор кој служел повеќе од 25 години, а кој има основна плата од 130.000 денари, може да заработи секој месец дополнителни 300.000 денари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња