Стана позната сумата која сириските бунтовници ја бараат за ослободување на двајца граѓани на Руската Федерација и еден Италијанец, киднапирани на 17 декември. Станува збор за откуп од 700.000 американски долари. Во МНР на Русија уверуваат дека се прават сите неопходни чекори за ослободување на киднапираните. Според податоците на весникот „Комерсант“, Москва во планот за ослободување на заложниците ги вклучи и западните држави, меѓу кои Италија и САД.
Виктор Горелов, Абдесатар Хасун (кој има и сириско и руско државјанство) и италијанецот Марио Белуомо работат како инженери во компанијата HmishoSteel, која се наоѓа во индустриската зона недалеку од Хомс. Тие беа киднапирани на 17 декември, кога патувале од Хомс во Тартус, каде тие живееле.
Покасно киднаперите (според информацијата на „Комерсант“, тоа се бунтовници кои припаѓаат на една од опозициските сириски групи) се јавиле во компанијата и побарале откуп како услов за ослободување на заложниците. Дипломатскиот извор на „Комерсант“ во Москва соопштил дека станува збор за 50 милиони сириски фунти (нешто повеќе од 700.000 долари).
За жал не успеавме да добиеме официјален коментар од компанијата Hmisho Steel. Компанијата е основана во 1988 година од Имад Хмишо. Бројот на работници во компанијата надминува 500. Виктор Горелов (56), родум од Челјабинската област, допатувал во Сирија во почетокот на октомври да работи во Hmisho Steel по договор. Во конзуларниот регистар во руската амбасада во Дамаск не бил регистриран. Другиот граѓанин на РФ, Абдесатар Хасун бил регистриран во руската амбасада.
Уште во август МНР на Русија даде соопштение да се воздржуваат руските граѓани од патување во Сирија, се додека трае граѓанската војна.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче