Руските авиони-ловци за неколку пати ќе ја зголемат својата ударна моќ. Тоа ќе се случи кога ќе ги добијат во своето вооружување новите ракети со голем опсег К-37М од класата „воздух-воздух“. Соработник во Воено-воздушните сили соопшти дека тие ракети ќе се произведуваат во конструкторското било „Вимпел“.
„Со новите ракети ќе биде вооружен модернизираниот МиГ-31БМ, нашиот основен авион-ловец. Таа „долга рака“ може да уништи брзи цели во воздухот на растојание од 200 км, изјави офицерот.
Ракетата може да уништи објекти, а притоа воопшто да не биде забележана! Тоа го постигнува со новиот инерцијален систем, поради кој жртвата не може да ја види. Непосредно пред да ја погоди целта, во ракетата се вклучува самонаведувачката техника која противникот може да ја забележи, но нему не му останува многу време за да ја избегне.
Оваа „долга рака“, на овој начин успева да престигне авиони кои маневрираат до 8G, т.е. високоманеварски авиони како F-16 или F-22 од петтата генерација. Во главата на ракетата се наоѓаа средства за радиоелектронска борба (активен дел) и пасивни елементи.
Масата на ракетата изнесува 500 кг, што и овозможува да се движи со брзина до 6 Маха.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче