Русија ѝ испорача на Индија хеликоптери Ми-17В-5

Нова пратка на воено-транспортни хеликоптери Ми-17Б-5 за Индија.

Русија ѝ испорача на Индија нова пратка на воено-транспортни хеликоптери Ми-17Б-5, произведени на „Казанската фабрика за хеликоптери“, кој влегува во холдингот „Хеликоптери –Русија“, се кажува во извештајот на холдингот.

Останатите хеликоптери се очекува да ѝ бидат испорачани на Индија во 2013 година.

Како што се соопшти порано, договорот за испорака на 80 хеликоптери, склучен меѓу „Рособоронескпорт“ и Министерството за одбрана на Индија во декември 2008 година, „тежи“ 1,35 милијарди долари и предвидува испорака на резервни делови, опрема и инструктори.

Хеликоптерот Ми-17В-5 е модификација на Ми-17. Неговата максимална носивост изнесува 13 тони. Хеликоптерот може да пренесува 36 војници, максималниот летен опсег е 750 км со брзина од 230 километри на час. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.