Министерството за одбрана ги негира гласините за откажување од ГЛОНАСС

Неколку руски СМИ соопштија дека Министерството за одбрана се откажува од користењето и ставањето во воено дежурство на сателитскиот навигациски систем ГЛОНАСС.

Министерството за одбрана на Русија рече дека се невистинити информациите во средствата за масовно информирање дека Министерството има намера да се откаже од користењето на космичкиот систем ГЛОНАСС.

Неколку руски СМИ соопштија дека Министерството за одбрана се откажува од користењето и ставањето во воено дежурство на сателитскиот навигациски систем ГЛОНАСС. Како причина овде се наведе деградацијата на сателитската мрежа и отсуство на гаранција за нејзина поддршка.

Системот ГЛОНАСС е руски космички систем за глобално позиционирање со двојна функција, исполнување на задачите како на цивилите, така и на војската. Во моментот функционираат 29 сателити, од кои 23 веќе се искористуваат, еден ги поминува тестовите пред да биде пуштен во употреба, а пет служат како орбитална резерва. Функцијата за прием и обработка на сигнали од ГЛОНАСС денеска е инсталирана во повеќето навигациски уреди на сите водечки конструктори и произведувачи на навигациска апаратура и активно се користи од корисниците во целиот свет.   

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.