Медиумите со сомнежи околу откажувањето на преговорите меѓу Русија и Украина

Откажувањето на средбата во „пет до дванаесет“ меѓу Владимир Путин и неговиот украински колега, Виктор Јанукович, во Москва ги изненади медиумите и предизвика лавина реакции на обете страни.

Откажувањето на средбата во „пет до дванаесет“ меѓу Владимир Путин и неговиот украински колега, Виктор Јанукович, во Москва ги изненади медиумите и предизвика лавина реакции на обете страни.

Пуштено е официјално известување дека преговорите покасно ќе се одржат, но датум не е одреден, што зборува за криза во односите. Како и да е, мислењата се поделени за тоа кој добил предност со овој чин.

Според руски весник, пристапувањето на Украина во Царинскиот сојуз во кој веќе членуваат Русија, Белорусија и Казахстан. Коментатори од Украина, сепак, кажуваат дека Киев сѐ уште не е подготвен да ја плати цената за оддалечувањето на Украина од ЕУ.

Рускиот весник „Комерсант“ верува дека откажувањето на средбата е индикатор „за големи разлики меѓу Киев и Москва, и покажува дека ниедна страна не е подготвена за отстапки во моментот“.

Според извори на весникот, Кремљ е подготвен да ја намали цената на гасот за Украина во замена за нејзината согласност за пристапување во Царинската унија.

„Состанокот ќе се одржи веднаш штом Украина ги прифати условите на Русија“, изјави изворот на Комерсант.

„Москва веќе нема трпение“, кажува рускиот дневен весник „Известија“. „Киев веќе три години го одолговлекува прашањето околу Царинскиот сојуз со Москва“.

Весникот исто така го критикува Киев за желбата „да се седи во исто време на две столчиња“, односно да соработува и со Русија, но и со Европската Унија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња