„Јандекс“ дозна кои се најпопуларните новогодишни маршрути

Најпопуларно место за одмор на Русите во странство за време на новогодишните празници е Финска.

Најпопуларно место за одмор на Русите во странство за време на новогодишните празници е Финска. За тоа зборуваат резултатите од истражувањето кое е извршено од страна на Јандекс. Второто, третото и четвртото место припаднаа на Белорусија, Чешка и Египет.

Притоа, како што забележуваат истражувачите, жителите од различни региони на државата претпочитаат различни места за пречекување на Нова година. Така, на пример, московјани, пред сѐ, се интересираат за Белорусија. Жителите на поранешната престолнина, Санкт Петербург, ја претпочитаат Финска. Жителите на Сибир, пак, како своја дестинација најчесто го избираат Тајланд, додека жителите на Хабаровск и Владивосток – Кина.

Од домашните места за одмор, Русите најчесто ги избираат Домбај, Кисловодск, Красна Полјана на Кавказот, Шерегеш... 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња