Хеликоптер Ми-8 со четири руски граѓани е соборен од армијата на Јужен Судан

Претставниците на армијата на Јужен Судан потврдија дека рускиот хеликоптер Ми-8, кој служи во мисијата на ООН во таа држава, во петокот по грешка е соборен од страна на војската.

Претставниците на армијата на Јужен Судан потврдија дека рускиот хеликоптер Ми-8, кој служи во мисијата на ООН во таа држава, во петокот по грешка е соборен од страна на војската.

„Артилеријата, за жал го сруши хеликоптерот, сметајќи го за непријателски, бидејќи ООН не нѐ предупреди дека ќе има летови во таа зона“, изјави претставникот на армијата, Филип Агуер.

Како резултат на инцидентот загинаа пет луѓе, од кои четворица се руси. „Ние жалиме за тој инцидент и изразуваме сочувство на семејствата на загинатите“, додаде Агуер. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.