Новите правила на игра на европскиот енергетски пазар го задолжува „Гаспром“ да обезбеди пристап до своите „цевки“ на трети лица. Извор: Press Photo.
Новата варијанта на спогодбата за трансгранични проекти денес е предаден на Европската комисија, за време на средбата на високо ниво „Енергетски дијалог: Русија – ЕУ“ во Брисел. Ова за новинарите го изјави рускиот министер за енергетика Александар Новак.
Според неговите зборови, во документот станува збор единствено за два големи инфраструктурни проекти. Тоа се „Северниот тек“ со краците OPAL и NEL, предвидени за испорака на гас кој по балтичките магистрали оди во Европа. И вториот е „Јужниот тек“ кој е сега во изградба. „Потпишувањето на договорот за трансгранични гасоводи би помогнало за надминување на разногласијата меѓу Русија и Европската Унија во делот што се однесува на донесувањето на третиот енергетски пакет“, подвлече министерот.
Новите правила на игра на европскиот енергетски пазар го задолжува „Гаспром“ да обезбеди пристап до своите „цевки“ на трети лица, односно на други испорачатели, кои ќе изјават желба да ја снабдуваат Европа со гас. Ако нема такви, дел од моќноста за испорака на гас, мора да остане како резерва.
Ова не ѝ одговара на Русија, зашто и при првиот и при вториот случај рентабилноста на проектот се намалува. Токму затоа Москва се обидува да договори исклучок за своите цевки од третиот енергетски пакет. „Јужниот“ и „Северниот тек“ се разликуваат од гасоводите што се изградени внатре во Европа, - изјавува Александар Новак. – Тие минуваат не само на териториите на земјите членки на ЕУ, но и низ оние кои не се членови. Овие гасоводи се трансгранични, затоа барањата од третиот енергетски пакет треба да се однесуваат и на нив“.
Во коментар за состојбата со „Јужниот тек“ министерот соопшти дека за деловите од цевководот во Бугарија и Унгарија веќе добија статут на национален проект. Во Србија овој нацрт-закон е даден на разгледување. „Очекуваме сите страни што учествуваат во изградбата на „Јужен тек“ да донесат соодветни решенија. Тоа ќе стане основа овој проект да стане трансграничен“, додаде Новак.
Тој спомена дека нацрт-договорот што руската страна планира да ѝ го предаде на Европската комисија е втор по ред. На почетокот на 2012 година Москва ѝ испрати на ЕУ сличен документ, но не беше донесена одлука во врска со него.
беше донесен од страна Европската Унија во 2009 година. Донесен е со идеја да се зголеми конкуренцијата на локалниот енергетски пазар, за да се овозможи пристап до него за нови играчи и да се намалат цените на ресурсите. Во третиот енергетски пакет влегуваат шест правни акта, кои предвидуваат ограничување на правото на сопственост и управување со енерготранспортните мрежи од страна на вертикално интегрирани компании.
Притоа експертите сметаат дека Европската Унија сепак ќе направи отстапки. „Русија има многу партнери таму, вклучувајќи ја и Германија. Тие помагаат во лобирањето за исклучувањето од третиот пакет“, смета генералниот директор на Институтот за национална енергетика Сергеј Правосудов.
„Гаспром“ уште претходно се обиде да го реши проблемот со третиот енергетски пакет. Концернот поднесе барање за зачувување на 100% од моќноста на гасоводот OPAL, па дури и доби одобрување од германскиот регулатор. Но, Европската комисија реши поинаку. „Гасоводот OPAL требаше да биде пуштен во употреба уште на први ноември. Но, тоа не се случи“, заклучи министерот.
Во „Гаспром експорт“ ситуацијата ја толкуваат како апсурдна. Во компанијата велат дека други испорачатели, де факто, не можат да го користат OPAL. Енергенсот во овој цевковод треба да се испорачува само по „Северен тек“ од Русија, барањата на третиот енергетски пакет не го опфаќа и него. Никаков друг гас, дури ни теоретски, таму не може да има.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче