Рускиот космички радиотелескоп „Радиоастрон“ наскоро ќе добие втора станица за следење и прием на информација во американската опсерваторија Гринбенк.
Новата станица за следење во САД ќе дозволи да се удвои времето кое е достапно за следење, соопшти Јуриј Ковалев, одговорен за проектот во лабораторијата на Астрокосмичкиот центар ФИАН.
Според неговите зборови, соодветен документ за соработка деновиве бил потпишан од претставниците на Националната Радиоастрономска опсерваторија во САД (Гринбенк) и Астрокосмичкиот центар.
Опсерваторијата „Радиоастрон“, лансирана од Бајконур во јули 2011 година, после долго време стана првиот космички астрофизички инструмент кој е создаден од руски специјалисти. Радиотелескопот е предвиден за работа заедно со глобалната земна мрежа на радиотелескопи, создавајќи единствен земно-космички интерферометар.
Во моментот научни информации на Земјата од телескопот може да прима само една станица за следење (во Пушчино под Москва). Бидејќи половина од денот „Радиоастрон“ не се наоѓа во видната зона на таа станица, научниците не можат да ги користат тие периоди за набљудување.
„Научните податоци ние можеме да ги примаме само ‘директно‘. Поради тоа што имаме само една станица, телескопот е достапен само 40% од времето. Тоа е доволно за решавање на задачите сега, но во средината на 2013 ние ќе преминеме на решавање на клучни научни задачи, и би било добро да се зголеми времето кое е достапно за набљудување“, - изјави Ковалев.
Финансирањето на работата на станицата за следење во Гринбенк ќе го врши Роскосмос.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче