Ќе бидат спасени животи на 6 илјади луѓе, жртви на сообраќајни незгоди, кои побрзо ќе добијат медицинска помош, благодарение на системот „ЕРА-ГЛОНАСС”. Извор: ИТАР-ТАСС.
Предвидената цена на секој уред ќе биде околу 30-40 илјади рубли (750-1000 евра) во зависност од функционалното мени.
Конструкторите на системот за брза реакција при сообраќајни незгоди „ЕРА-ГЛОНАСС“ во нацрт-законот испратен до владата предлагаат државата да склучи нетипичен договор: сосема јасно количество спасени животи во замена за строго пресметан обем инвестиции за создавање на инфраструктура и нејзино одржување.
Во финансиско-економската експликација за нацрт-законот за „ЕРА-ГЛОНАСС“ се вели дека во периодот од 2014 до 2020 година системот ќе ги спаси животите на над 6 илјади луѓе, жртви на сообраќајни незгоди, кои побргу ќе добијат медицинска помош, благодарение на системот „ЕРА-ГЛОНАСС“.
Цената на еден човечки живот, според авторите на нацрт-законот, се проценува на 4 милиони рубли до 2018 година, 5 милиони рубли до 2019 година и 6 милиони до 2020. Цената на животот е земена од пресметките на осигурителните компании за државните загуби од смртта на секој човек.
Предвидената цена на секој уред ќе биде околу 30-40 илјади рубли (750-1000 евра) во зависност од функционалното мени.
Во замена за 6 илјади спасени животи и десетици милијарди заштеда, државата е должна да вложи не толку многу: до 2013 година 3.29 милијарди рубли од федералниот буџет.
Основните расходи ќе паднат врз потрошувачите, за чија сметка според нацрт-законот се предлага да се направи набавката, монтажата и одржувањето на терминалите. Финансиско-економската експликација на документот ветува дека до 2020 година со ГЛОНАСС терминали ќе бидат снабдени 45.9 милиони автомобили.
Најголемите мобилни оператори во Русија се подготвени за потребите на системот да создадат одделна виртуелна мрежа за мобилна врска.
Експертите обрнуваат внимание на фактот дека населението не го ставаат на прво место позитивниот ефект од загриженоста на државата, туку неопходноста од монтирање скапа опрема на своја сметка.
Намерата за снабдување на сите приватни автомобили со терминали „ЕРА-ГЛОНАСС“ не беше еднозначно оценето од директорот на невладината организација „информациска култура“ Иван Бегтин.
„Постојат области, каде принудувањето има основа. Постоењето на ГЛОНАСС во општествениот и јавен транспорт е плус, кој ги раширува нашите можности како граѓани. Така можеме, на пример, да добиваме информација за локацијата на транспортното средство. Намерата за вградување терминали во сите приватни автомобили е нешто сосема поинакво, изгледа како арач од страна на државата, а тоа не смее да се прави“, вели Бегтин.
Нацрт-законот за системот „ЕРА-ГЛОНАСС“ беше испратен од пратеникот, член на „Единаја Росија“, Игор Руденски на експертиза во владата на 7 декември 2012 година.
Повеќе информации на izvestia.ru.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче