„Силовые машины“ ја осигурија безбедноста на работата на енергетските блокови во РЕК „Битола“

Продолжува соработката меѓу Русија и Македонија во енергетската сфера.

Договорот за производство и испорака на опрема за енергетика, со цел да се модернизираат трите енергетски блока со моќност од по 225МВт, беше потпишан со компанијата ЕЛЕМ. Во согласност со условите во него, „Силовые машины“ произведе и испорача опрема за модернизација на трите блока и трите тирбогенератори. Освен тоа, во договорот влегоа и услугите за монтирање на опремата, како и нејзино тестирање.

Првиот и вториот модернизиран енергетски блок во РЕК „Битола“ беа пуштени во употреба во декември 2010 и во октомври 2011 година.

Како резултат на модернизацијата, обезбедена е сигурноста и стабилноста на работата на енергетските блокови, продолжен е рокот на експлоатација, а зголемена е и моќта на енергетските блокови за 8 МВт.

„Силовые машины“ веќе еднаш ги модернизираше енергетските блокови во 1994 година, кога нивната номинална моќност била зголемена од 210 на 225 МВт.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.