Русија ја погодија абнормално ниски температури

Русија мрзне на температури какви што не се забележани од 1938 година.

Русија ја погодија абнормално ниски температури. Вакви температури не се забележани од 1938 година. Во зоните на екстремни мразеви се најдоа 50 области во Русија, како во централните, така и во јужните делови на земјата. Температурата се движи од -20 во Москва, до -51 на Сибир и во делови од Далечниот Исток.

Министерството за вонредни ситуации во Русија во периодот од 20 декември до 8 јануари ќе премине во режим на зголемена подготвеност. Службите ги молат жителите во случај на премрзнатост веднаш да се обратат на лекар и да не ја преоптоваруваат електричната мрежа за да се намали ризикот од пожари.

За да не умрат бездомниците од студ, во големите центри почнаа да работат пунктови за помош на лицата без постојана адреса. Овде ќе се делат бесплатни топли оброци, топла облека и обувки. Освен тоа, во некои региони е прекината и наставата во училиштата.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња