Рогозин минатата недела замина во Италија, од каде се врати со неколку нови решенија и работа за руската воена индустрија. Освен договор за оклопните возила „Рис“ на Iveco, Русија и Италија планираат заедно да конструираат хеликоптери.
„Augusta Westland е расположена од тоа како се одвива нејзиниот бизнис во Русија, - ако некој не знае, во Подмосковје во претпријатието Heli Vert веќе една година се произведуваат хеликоптерите AW139, кои немаат аналози во Русија, освен Ка-62, но тој ќе почне да се произведува сериски после 2 години.“ - изјави Рогозин во интервју.
„Сега со Augusta имаме посериозна соработка - нема само да склопуваме готов хеликоптер, туку и ќе создадеме нов. За таа цел руските и италијанските конструктори ќе создадат машина која ќе може да подигне 2 до 3 тона. Работата ќе почне во јануари-февруари“, - изјави Рогозин.
Првиот прототип ќе се појави за 2,5 до 3 години. Италијанците веќе имаат свои разработки, така што работата нема да почне од нула.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.