Комитетот за одбрана при Думата ја смета за реалистична идејата за служење на жените во армијата

„Ако зборуваме дека руската жена може да влезе во запалена куќа, и дека може коњ кој скока да смири, тогаш, веројатно, таа на доброволна основа може да служи и во руската армија“, - смета претседателот на комитетот, Владимир Комоедов.

Комитетот за одбрана при Думата ја смета идејата за доброволна служба на жените во армијата за реалистична, изјави претседателот на комитетот, Владимир Комоедов.

„Идејата има право да постои, но комитетот за одбрана во моментов е готов ниту да ја поддржи, ниту да се изјасни негативно во однос на оваа идеја. На ова прашање ќе му биде посветено внимание следната година“, - изјави Комоедов.

Претседателот на комисијата подвлече дека идејата за служба на жените во армијата на доброволна основа не е нова. Речиси во сите флоти на големите сили во светот служат жени-морнари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња