Жерар Депардје најави дека може да се пресели во Русија

Актерот Жерар Депардје, кој порано изјави дека се откажал од француското државјанство, изјави дека освен Белгија, каде тој веќе има купено недвижнина, ја разгледува можноста да се пресели во Русија или Црна Гора, соопштува весникот Monde.

Во најбурните моменти на предизборната претседателска кампања во Франција, Франсоа Оланд предложи да се зголеми во 2013 на 75% данокот на доход за граѓаните кои заработуваат повеќе од милион евра годишно. Во врска со тоа, некои богати луѓе, меѓу кои и актерот Депардје, решија да ја напуштат Франција.

Актерот Жерар Депардје, кој порано изјави дека се откажал од француското државјанство, изјави дека освен Белгија, каде тој веќе има купено недвижнина, ја разгледува можноста да се пресели во Русија или Црна Гора, соопштува весникот Monde.

Порано белгиските средства за масовно информирање соопштија дека актерот купил куќа во Белгија во местото Нешен, каде се преселиле многу француски милионери, и дури се заинтересирал за процедурата за добивање на белгиски пасош. Весникот Monde, пак, соопштува дека за време на ручекот кој се одржал во вторникот со пријатели во својот париски ресторан, Депардје рекол дека „може да смета на три држави кои можат да го примат“. Тоа се Белгија, каде неодамна купил куќа, Црна Гора, каде има пријатели и деловни и интереси, како и Русија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња