Студиото „Сојузмултфилм“, по наредба на Министерството за култура ќе ги откупи оригиналните кукли на ликовите од куклениот филм за деца „Чебурашка“, кои за малку не беа продадени на аукција. За тоа се кажува во писмата на заменикот министер за култура, Иван Демидов и директорот на студиото, Николај Маковски. Притоа, Маковски кажува дека зделката ќе биде остварена штом ќе добие докази за оригиналноста на куклите и документи за правата на сопственост.
Куклите на Чебурашка, Крокодилот Гена и дури Глувчето Лариска во средината на декември беа поставени на аукцијата „Руската и советската уметност во ХХ век“. Откако стана познато дека куклите ќе бидат купени од јапонци, средствата за масовно информирање веднаш се огласиле.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче