Во своето денешно обраќање, Владимир Путин најмногу се задржа на економската состојба во Русија, при што го истакна фактот дека руската економија продолжува да расте и покрај светската економска криза.
Сите економски показатели кои ги наведе Путин укажуваат на таква состојба.
БДП оваа година е 3,7%. Тоа е помалку од лани, рече Путин „но на фонот на светската криза, тоа е одличен резултат.“
Инфлацијата во минатата година била најниска во последните 20 години, истакна тој. Просечната плата во земјата пораснала на 27.607 рубљи (678 евра), а невработеноста паднала од 6,6% лани, на 5,4-5,3% оваа година.
Доходите на населението пораснале за 4%, благодарение на порастот на платите во јавниот сектор, платите на војската, полицијата, платите на професорите во средните школи и универзитетите. Покачени се и пензиите и социјалните примања.
Тој уште го истакна и зајакнувањето на банкарскиот сектор: „Расте капитализацијата на банкарскиот систем. Заштедите на граѓаните пораснаа за 19,6%“ - рече тој.
Државниот долг не е зголемен, а државните резерви растат - посочи Путин - денеска тие се на ниво од 61,4 милијарди долари.
Ваквите економски показатели кои ги нагласи Путин во своето обраќање покажуваат дека Русија многу малку е засегната од светската економска криза, особено и поради укажувањето на претседателот дека таквиот економски тренд очекува да продолжи и во наредните години.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче