Путин се сретна со Пласидо Доминго и Хозе Карерас

Претседателот на Русија ги поздрави врвните уметници, подвлекувајќи дека е голема чест и задоволство за него да се сретне со нив.

Претседателот Владимир Путин се сретна со светските оперски ѕвезди - Пласидо Доминго и Хозе Карерас. Тие вчера настапија во Москва на хуманитарен концерт.

Претседателот на Русија ги поздрави врвните уметници, подвлекувајќи дека е голема чест и задоволство за него да се сретне со нив.

„Би сакал да ви се заблагодарам за времето кое го одвоивте да дојдете во главниот град на Русија“ - рекол Путин.

Тој подвлече дека двајцата тенори во Русија имаат многу фанови и дека нивниот број ќе се зголеми после нивниот настап.

„Благодарам од срце за честа која Вие ни ја укажавте, повикувајќи не овде, во Вашата резиденција“, - рекол Доминго. „Се надеваме дека и Вие ќе можете утре да присуствувате на концертот“.

Путин им се заблагодари за поканата, напомнувајќи дека тој мора да учествува на меѓународна конференција. Во среда ќе се одржат самитите на Евроазиската економска заедница, Царинскиот сојуз и Организацијата на Договорот за колективна безбедност.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.