Путин: Растот на руската економија во 2012 изнесува 3,7%

Продолжува силниот економски раст во Русија и покрај економската стагнација во светот.

Растот на економијата на Русија од јануари до октомври изнесува 3,7%. Тоа го изјави претседателот на РФ, Владимир Путин.

Според неговите зборови, тоа е нешто помалку отколку пред една година, но сепак, тоа е добар резултат, ако се направи споредба со економската ситуација во светот: рецесија во еврозоната, намалување на економскиот раст во Кина итн.

Малото намалување на БДП во Русија е предизвикано од општото намалување на растот на светската економија, а исто така и со слабите приноси во земјоделието, раскажа Претседателот на Руската Федерација.

Од друга страна, инфлацијата во 2012 година е најмала за последните 20 години. Таа изнесува 6,3%. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња